свет

Во гранатирање на Газа загинаа четворица Палестинци

Израелската армија негира дека нејзините сили денес извршиле каков било напад врз Појасот на Газа

Mohamed Sabry Emam Muhammed  | 14.04.2018 - Обновена : 16.04.2018
Во гранатирање на Газа загинаа четворица Палестинци

Gazze

ГАЗА (АА) - Четворица Палестинци загинаа во израелското артирелиско гранатирање на Појасот на Газа денес, објави Министерството за здравство на Палестина, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на министерството Ешраф ал-Кудра, во соопштението наведува дека четири лица се убиени западно од градот Рафах во јужниот дел на Појасот на Газа.

„Медицинските тимови сè уште го пребаруваат подрчјето“, додаде Aл-Кудра.

Локалните палестински медиуми објавија дека израелските сили испукале тенковски гранати во Хамас, источно од Рафах, при што загинаа четири лица.

Израелската армија негира дека нејзините сили денес извршиле каков било напад врз Појасот на Газа. Оттаму изјавија дека избувнал пожар во близина на безбедносна ограда на јужната граница во Појасот на Газа и дека ја истражуваат причината за неговото избувнување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.