Said İbicioğlu
18 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските безбедносни сили приведоа 20 функционери на Партијата за национална и демократска заедница со образложение дека го прекршиле законот за финансирање на партиите, јавува Anadolu Agency (AA)
Во соопштението на израелската полиција се наведува дека се приведени 20 функционери вклучувајќи адвокати и одредени партиски припадници со образложение дека го прекршиле законот за финансирање на партиите.
На интернет страницата поврзана со партјата „Араб 48“ се истакнува дека израелската полиција во различни области привела неколку партиски функционери меѓу кои и генералниот претседател Авад Абдулфетах.
Идеологот Азми Бишара, препознатлив по арапските националистички идеи, како основач на Партијата за национална и демократска заедница (партијата Балад) од 1995 до 2007 година ја вршеше функцијата на генерален претседател на оваа партија.