Zeynep Tüfekçi Gülay
19 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
ГАЗА (АА) - Во израелски напад врз Појасот Газа ранет е камерманот на Агенција Анадолија, Мухамед Дахлан.
Израелските авиони извршија напад врз куќата во населбата Тел ел-Хева во Газа, а дел од шарпнелот го погодил Дахлан во нога.
Дахлан, кој е ранет за време на работа на терен, е пренесен во болницата „Шифа“.
Не се објавени детали за неговата здравствена состојба.
Израел од 10 мај извршува напади врз Појасот Газа.