Qays Abu Samra,Safiye Karabacak
03 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
РАМАЛА
Во израелските затвори 11 Палестинци започнаа штрајк со глад за да протестираат против практиката наречена „административен притвор“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Друштвото на палестинските затвореници се истакнува дека Џафер Изедин (48) и Ихсан Осман (21), притворени во израелските затвори, веќе 18-ти ден по ред штрајкуваат со глад.
Во соопштението се вели дека покрај Изедин и Осман, 6 Палестинци штрајкуваат со глад веќе 11 дена, додека тројца Палестинци штрајкот со глад го започнале во понеделникот.
Емани Серахине, одговорен за односи со јавноста на Друштвото на палестинските затвореници, во изјавата за дописникот на АА рече дека израелската администрација ги префрлила во самици Палестинците кои штрајкуваат со глад и не им дозволува да се сретнат со нивните адвокати.
Истакнувајќи дека не можат да добијат информации за здравствената состојба на Палестинците, Серахине предупреди дека како одговор на зголемениот број административни притвореници, ќе се зголеми и бројот на Палестинците кои штрајкуваат со глад.
Израел, со практиката наречена „административен притвор“, во зависност од разузнавачките информации, може да приведе Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.
Ако притвореникот се смета за „опасност за безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.