свет

Во израелските напади во Појасот Газа убиени се 39.258 Палестинци од 7 октомври мината година

– Во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 48 часа убиени се 83 Палестинци, а 186 се ранети, се наведува во соопштението на Министерството за здравство во Појасот Газа.

Mehmet Nuri Uçar  | 27.07.2024 - Обновена : 27.07.2024
Во израелските напади во Појасот Газа убиени се 39.258 Палестинци од 7 октомври мината година

АНКАРА (АА) – Во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 48 часа убиени се уште најмалку 83 Палестинци, со што бројот на убиени од 7 октомври досега се зголеми на 39.258, известува Анадолу.

Министерство за здравство во Газа објави информации за нападите на Израел врз Појасот Газа, кои траат веќе 295 дена.

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека во израелските напади врз Појасот Газа изминатите 48 часа се убиени 83 Паелстинци, а 186 се ранети,

Според овие бројки, од 7 октомври минатата година досега во израелските напади на Појасот Газа бројката на убиени Палестинци се зголеми на 39.258, а ранетите се 90.589.

Во соопштението се наведува дека голем број жртви сѐ уште се заробени под урнатините бидејќи спасувачките тимови не можат да спроведат операции за пребарување и спасување поради континуираните израелски напади.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.