Meiramgul Kussainova
20 Јуни 2023•Ажурирај: 21 Јуни 2023
АСТАНА (АА) - Во Астана, главниот град на Казахстан, започна 20-тата рунда мировни преговори за Сирија кои стартуваа во 2017 година на иницијатива на Туркије, Русија и Иран, јавува Анадолу.
Разговорите започнаа со билатерални средби меѓу земјите гаранти во Астана.
Турската делегација ја одржа првата средба со иранската делегација.
Туркије ја претставува делегација предводена од заменик-министерот за надворешни работи Бурак Акчапар. На средбите присуствуваат делегацијата на Русија предводена од заменик-министерот за надворешни работи Михаило Богданов и делегацијата на Иран предводена од советникот на министерот за надворешни работи за политички прашања Али Асгар Хаџи.
Администрацијата во Дамаск ја предводи заменик-министерот за надворешни работи Ајман Сузан, а сириската опозиција ја претставува Ахмет Тума.
Присутни се и делегациите на Јордан, Ирак и Либан, кои имаат статус на набљудувач на состаноците на кои присуствуваше и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир О. Педерсен.
На дводневните средби ќе се разговара за променливата регионална ситуација околу Сирија и за последните случувања на тоа поле.
Покрај тоа, на средбата ќе се разговара за прашања, како што се хуманитарната ситуација, обновата на земјата и воспоставувањето услови за враќање на сириските бегалци во нивната земја, како и борбата против тероризмот во Сирија.
Денес се очекува консултативна средба на заменици-министрите за надворешни работи на Туркије, Русија и Иран и сириската администрација за „патоказот“ за нормализација на односите меѓу Сирија и Туркије.
„Во моментов сме заинтересирани за нормализирање на односите меѓу Дамаск и Анкара. Ова е многу важен процес. Сега работиме на 'мапата на патот' на овој процес“, рече рускиот заменик-министер за надворешни работи Богданов.