Tayfun Coşkun
21 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
ОУКЛАНД (АА) - Во знак на протест против политиката на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација, во сојузната американска држава Калифорнија организациран е марш на жени, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот во Оукланд беше поддржан од неколку илјади луѓе. Демонстрантите, извикувајќи слогани против администрацијата на Трамп, пружаа поддршка на жените.
Махдие Јусуф Задех, по потекло од Иран, истакна дека се собрале за слобода, мир и правда за сите.
„Се собравме да ја запреме омразата кон жените, мажите, мигрантите ...“, истакна Задех.
Американката од иранско потекло, Фатма Новин (17), изјави дека во светот има многу неправада и дека и таа била сведок на тоа.
„Треба да почнете од тоа вашиот глас да се слушне таму каде што се наоѓате“, рече таа.
Маршот на жените беше организирана и по инаугурацијата на Трамп минатата година, а поддршка стигна од сите делови на светот. Протестите беа организирани во американските градови, но исто така и во Кенија, Гана, Холандија, Франција, Велика Британија и Грција.
Оваа година демонстрираа десетици илјади американски жени во САД, а поголеми протести беа организирани и во Њујорк и Сан Франциско.