Esat Fırat
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
ЕРУСАЛИМ
Десетици радикални Евреи во придружба на израелската полиција влегоа во комплексот на „Ал Акса“ во Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата за вакафи во Ерусалим (Кудс) соопшти дека 140 радикални Евреи во групи во придружба на полицијата преку Мароканските врати влегле во комплексот.
Се наведува дека во комплексот влегле 80 ученици на теолошки училишта и 12 припадници на разузнавачката служба.
На снимките кои ги направија некои медиуми видливо е дека одреден број радикални Евреи во „Ал Акса“ се обидувале да извршат верски обред.
Радикалните Евреи, повремено, во придружба на израелската полиција во утринските и попладневните часови влегуваат во „Ал Акса“, и тоа често доведува до судири меѓу Палестинците и припадниците на израелските безбедносни сили.