Tufan Aktaş
26 Мај 2017•Ажурирај: 28 Мај 2017
МАПУТО (АА) - Во југозападната африканска држава Мозамбик има над две милиона сираци како резултат на 15-годишната граѓанска војна, природните катастрофи каки епидемиите како СИДА, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), во оваа земја со 25-милионско население има 2 милиони и 100 илјади сираци. Повеќето од овие деца се згрижени во сиропиталишта, во медреси и во училишни интернати кои се наоѓаат во градовите и во руралните региони.
Некои сираци кои немаат пристап до образование се принудени да го поминат својот живот на улиците од големите градови. Голем број деца паѓаат во рацете на криминалните групи и трговците со дрога.
Некои христијански семејства во руралните региони каде што заедно живеат муслиманите и христијаните, поради тоа што не можат да се грижат за своите деца, ги носат во медресите.
Повеќето од овие медреси, кои со ограничени донации се обидуваат да обезбедат образование за децата, се соочуваат со сериозни проблеми во снабдувањето со опрема и обезбедувањето на дневните потреби на децата.
- Медресите чекаат финансиска помош
Една од овие медреси кои чекаат финансиска помош е медресеата „Дар Ес Салам“, основана од страна на група волонтери од Матола, регион во градот Мапуто.
Во ова медресе, каде што учат околу 180 сираци од градот и околината, во мали соби спијат по 6 до 10 деца.
Абдул Насир Исмаил по осум години студирање во Јужна Африка се вратил во својата земја и во 2013 година ја основал медресата „Дар Ес Салам“.
Тој во изјавата за АА истакнува дека медресата продолжува со образование во многу тешки услови.
Посочувајќи дека потребите на медресата се обезбедуваат со донации, Исмаил вели: „Мораме да им даваме дневно по три оброци. Имаме потреба од редовни донации и спонзори“.
Исмаил информираше дека повеќето жители што живеат во регионот Матола се христијани, но поради тоа што семејствата не можат да им обезбедат образование на децата кои останале без татковци, нив ги праќаат во медреса.
Од друга страна, Исмаил истакна дека главната причина зошто децата остануваат сираци се разните болести како СИДА. „Понекогаш ни е тешко дури и да купиме книги. Училиштето има потреба од опрема и реновирање. Исто така, треба да се купат и медицински средства“, вели Исмаил.
Тој додава дека во медресата, покрај наставата за исламот, се применува и наставната програма на Мозамбик.
- „Сакам да бидам инженер”
Десетгодишниот Алифу Адем кој престојува во медресата истакна дека неговите другари се како негово семејство. Тој посочи дека имаат потреба од тетратки и моливи.
Адем пренесе дека во случај да има можности да се стекне со образование, сонува да стане инженер.
Според податоците на Заедничката програма на Обединетите нации за ХИВ и СИДА (УНИАДС), моментално во земјата живеат 1 милион и 500 илјади лица со СИДА. Честотата на оваа болест во возраст помеѓу 15 и 49 години е 10,5 отсто.