Muhammed Boztepe
10 Ноември 2019•Ажурирај: 11 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Во нападот на терористите на терористичката организација ПКК/ЈПГ извршен со возило бомба во селото Салик Атик, кое се наоѓа во јужниот дел на Тел Абјад, загинаа осум цивили, додека над 20 лица се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека терористите на ПКК/ЈПГ убиле невини цивили.
„Осум цивили загинаа, додека 20 лица се повредени во нападот на терористите на ПКК/ЈПГ извршен со возило бомба во селото Салик Атик во јужниот дел на Тел Абјад“, се наведува во соопштението на Министерството.