Burak Karacaoğlu
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
ИДЛИБ (АА) - Најмалку девет цивили загинаа во новите воздушни напади извршени на територијата на Идлиб во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Руски воени авиони и авиони на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад извршија воздушни напади во јужниот и источниот дел Идлиб, области под контрола на сириската опозиција и воените групи кои работат против режимот.
Мустафа Хаџ Јусуф, раководител на Цивилната заштита во Идлиб, изјави дека воените авиони во утринските часови извршиле повеќе од 50 воздушни напади во јужниот дел на Идлиб и во северна Хама.
„Во овие напади загинаа девет цивили“, потврди Јусуф и додаде дека по нападот цивилите од овие подрачја избегале во околинite места. Во тек се акциите за пребарување и спасување.
Најмалку 15 цивили беа убиени во вчерашните жестоки воздушни напади кои ги извршија силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во подрачјата на Идлиб и Хама.
Идлиб е сириски регион во кој е најчесто се изведуваат воздушни напади од страна на силите на Асад, а на мировните преговори во Астана кон средината на септември оваа година, со посредство на Турција, Русија и Иран, постигнат е договор за прекин на судирите во таа покраина.