Hatice Kesgin
03 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
ШАБУА (АА) - Според Центарот за информации, најмалку 19 лица загинаа во новите судири меѓу бунтовниците Хуси и провладините сили во југоисточната покраина Шабуа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на провладиниот центар, Маџид Амир ал-Хариси, за АА изјави дека судирите во подрачјето Осајлан се случила три дена откако провладините сили го презедоа градот.
Тројца борци лојални на претседателот Абд Рабу Мансур ел Хади и 16 Хуси беа убиени во борбата.
Јемен е разорен од војната што започна кон крајот на 2014 година, кога Хусите и нивните сојузници го окупираа главниот град и други делови од земјата.
Конфликтот ескалираше во март минатата година, кога Саудиска Арабија со своите сојузници започнаа голема воздушна кампања против Хусите, во корист на јеменската Влада.
Во Јеменскиот конфликт загинаа речиси 7.000 луѓе, а над половина од нив се цивили. Се проценува дека има повеќе од три милиони раселени лица поради недостатокот на храна и поради ширењето болести.