Yusuf Özcan
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
ПАРИЗ (AA) - Во Париз е одржана комеморација по повод 101. годишнина од завршување на Првата светска војна. На комеморацијата присуствуваше и претседателот на Франција Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).
Годишнината од завршувањето на Првата светска војна е одбележана со положување венец на Споменикот на Незнајниот јунак и со комеморација пред Триумфалната порта.
Освен претседателот Макрон, на комеморацијата присуствуваа и бројни други функционери, вклучувајќи ги и поранешните претседатели на Францијa, Николас Саркози и Франсоа Оланд и градоначалничката на Париз, Ана Хидалго.
Макрон положи венец после што се ракуваше со француските војници и другите функционери.
Претседателот на Франција се состана и со семејствата на француските војници кои загинаа во Првата светска војна, а присуствуваше и на свечениот ручек во Елисејската палата со некогашните француски војници кои се бореа во операциите во странските земји.
Макрон целата седмица ги посетуваше војувалиштата во северна и источна Франција, оддавајќи така почест на страданите помеѓу 1914 и 1918 година, чија бројка само во Франција изнесуваше 1,4 милиони.