Halit Süleyman
25 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
ДАМАСК (АА)- Руските авиони го бомбардираа населението Aрбин во Источна Гута во Дамаск за време на што загинаа шест лица, додека се ранети 45, јавува Anadolu Agency (AA).
Функционерите на Цивилната заштита на Арбин за АА потврдија дека руските авиони го бомбардирале местото Арбин кое е под контрола на опозицијата.
Додадоа дека помеѓу жртвите се наоѓаат и жени и деца.
Ранетите лица се префрлени во импровизирани болници во тоа место.
Екипите на Цивилната заштита се обидуваат да дојдат до телата кои останаа под урнатините на објектите.