Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
27 Ноември 2020•Ажурирај: 28 Ноември 2020
ИДЛИБ (АА) – Во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија отворена е Универзитетска болница која ќе обезбеди образование на студентите од медицинските и фармацевтските факултети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со поддршка на граѓаните, болницата „Ибн-и Сина“ е претворена во Универзитетска болница „Идлиб“.
Ахмед Ебу Хаџар, ректорот на Универзитетот „Идлиб“ во изјавата за Агенција Анадолија (АА) истакна дека Универзитетската болница е отворена за студентите од факултетите по медицина и фармација да се здобијат со подобро образование.
Наведувајќи дека Универзитетската болница ќе одржува практична настава за 1.600 студенти, Хаџар рече: „Болницата ќе даде голем придонес за студентите на Медицинскиот факултет.“
Тој изјави дека воспоставиле центри со најнови технолошки уреди за медицинските оддели.
Учениците кои мигрирале од различни сириски покраини во Идлиб, по завршеното средно училиште ќе полагаат испит и ќе можат да се запишат на Универзитетот „Идлиб“.
На Универзитетот се образоваат околу 15 илјади студенти.
- Ситуацијата во сириски Идлиб -
Турција, Русија и Иран на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, создадоа четири зони на деескалација, во Идлиб и во некои области од соседните провинции (Латакија, Хама и Алепо), северниот дел на Хaмa, Источнa Гута до главниот град Дамаск и јужните региони на земјата (Дера и Кунејтра).
Сепак, режимот и терористите поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија, зазедоа три од четирите региони и се упатија кон Идлиб. Турција, во септември 2018 година со Русија во Сочи се договори за зајакнување на Договорот за прекин на огнот.
Русија и режимските сили започнаа со операциите за заземање на целиот регион во мај 2019 година и зазедоа неколку големи населби во деескалациската зона во Идлиб.
Конечно, во Москва на 5 март меѓу Турција и Русија се обезбеди нов договор.
Примирјето, кое режимските сили одвреме-навреме го прекршуваат, во голема мера се почитува.
Во периодот 2017 - 2020 година, речиси 2 милиони цивили беа принудени да мигрираат во областите во близина на границата со Турција, поради нападите на режимските сили.