Atila Altuntaş
27 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
СТОКХОЛМ
Во Гетеборг, Шведска, со рачно изработен експлозив е нападнат турски ресторан, јавува Anadolu Agency (AA).
Исмаил Јуџел, сопственик на ресторанот, во изјавата за дописникот на АА рече дека двајца маскирани луѓе фрлиле рачно изработен експлозив во неговиот ресторан во 2:00 часот ноќе по локално време.
Јуџел, изјавувајќи дека еден од вработените во ресторанот, што живеел во близината на ресторанот, го известил за настанот, рече: „Кога стигнавме до ресторанот, полицијата беше таму и истражуваше. Како што рече полицијата, осомничените направиле бомба со информации добиени преку интернет. Двајцата луѓе носеле маски и биле облечени во црно. Најпрвин ги искршиле прозорците на театарот до нас. Потоа скршиле стакло на ресторанот и фрлиле бомба.“
Тој, исто така, рече дека немало изгубени животи бидејќи ресторанот во тој момент не работел, но од експлозијата биле искршени сите прозорци на ресторанот и е направена материјална штета внатре во ресторанот.