Şerife Çetin
16 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
БРИСЕЛ (АА) - НАТО ќе одржи воздухопловна вежба на територијата на Белгија и Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Wall Street Journal“ (Вол Стрит Журнал) објави вест во којашто се наведува дека ќе биде изведена воена вежба под името „Steadfast Noon” во две воздухопловни бази на САД во кои е складирано нуклеарно оружје, и се тврди дека станува збор за „вежба на нуклеарно одвраќање”.
Изјава за АА даде висок претставник на НАТО, кој соопшти дека од 16 до 20 октомври, од воздухопловните бази Клајне Брогел во Белгија и Бучел во Германија ќе полетаат авиони кои ќе учествуваат во вежбата на НАТО.
Претставникот на НАТО изјави дека цел на вежбата е заедничко делување на воздухопловните сили на земјите-членки на НАТО, додавајќи дека не може да даде детали околу вежбата бидејќи тие се доверливи.
Претставникот на НАТО додаде дека вежбата се организира во рамките на измислено сценарио, и е наменета за одбранбени цели.