Davit Kachkachishvili
22 Мај 2022•Ажурирај: 23 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот Парламент го одобри нацрт-законот за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во земјата за уште 90 дена, известува Агенција Анадолија (АА).
За нацрт-законот кој предвидува продолжување на вонредната состојба и мобилизација до 23 август гласаа 320 пратеници.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, на 24 февруари прогласи вонредна состојба поради нападите на Русија врз неговата земја.