Şerife Çetin
20 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
БРИСЕЛ (AA) - Војниците кои по терористичките напади во Брисел во 2016 година започнаа да патролират низ улиците на градот, ќе ги заменат припадници на федералната полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана на Белгија, Стивен Ванферпут, изјави дека федералната полиција ќе ја преземе должноста во септември.
Вандерпут нагласи дека промената нема да ѝ наштети на безбедносната ситуација и дека војниците ќе продолжат да патролирааат на стратешките точки, меѓу кои се и амбасадите и меѓународните институции.
Високите безбедносни мерки во Брисел се преземени по терористичките напади на метро станицата и аеродромот на 22 март 2016 година. Во нападите загинаа 32, а ранети се 270 лица, а одговорноста за нив ја презеде терористичката организација ДЕАШ.