Adem Şalvarcıoğlu
18 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
ГВАТЕМАЛА (АА) - Најмалку 121 лице загинаа по минатомесечната ерупција на вулканот Фуего во Гватемала, јавува Anadolu Agency (AA).
Националната агенција за катастрофи во Гватемала денеска го објави новиот извештај за последиците од ерупцијата на вулканот кој започна во средината на јуни.
Во новиот извештај се наведува дека во ерупцијата животот го загубиле најмалку 121 лице, а дека и најмалку 300 се водат за исчезнати.
Станува збор за вулкан, кој од главниот град Гватемала е оддалечен околу 40 километри. Вжарената лава од вулканот во потполност ја уништи населбата Ел Родео која се наоѓа во неговото подножје.
Од загрозениот регион се евакуирани повеќе од 3.200 лица.