свет

Германија го осуди упадот на израелскиот министер Бен-Гвир во Храмовата Гора

Ова претставува провокација во актуелната тензична ситуација, изјави заменик- портпаролката на Министерството за надворешни работи, Катрин Дешауер

Oliver Towfigh Nia  | 14.08.2024 - Обновена : 15.08.2024
Германија го осуди упадот на израелскиот министер Бен-Гвир во Храмовата Гора

БЕРЛИН (АА) - Германија денес остро го осуди упадот во Храмовата Гора во Кудс (Ерусалим) од страна на израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, јавува Анадолу.

Ова претставува провокација во актуелната тензична ситуација, изјави заменик- портпаролката на Министерството за надворешни работи, Катрин Дешауер, на прес-конференцијата во Берлин.

„Очекуваме израелската Влада да престане со вакви намерни провокации. Особено во моментната ситуација ваквото палење на огнот е исклучително опасно и дополнително ја загрозува безбедноста во Ерусалим, Западниот Брег и Израел“, додаде таа.

Изјавите на Дешауер дојдоа откако околу 2.250 илегални еврејски доселеници, како и Бен-Гвир, неговиот колега министер од партијата Оцма Јехудит, Јицак Васерлауф и членот на Кнесетот од партијата Ликуд, Амит Халеви, упаднаа во комплексот на џамијата за да го одбележат Тиша Б'Ав, годишниот ден на еврејскиот пост.

Џамијата Ал Акса се смета за трето најсвето место во исламот. Евреите ја нарекуваат оваа област Храмова Гора, верувајќи дека тоа е локација на двата древни еврејски храма.

Израел го окупираше Источен Ерусалим (Источен Кудс), каде што се наоѓа Ал Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Во 1980 година Израел го анектираше целиот град, потег што меѓународната заедница никогаш не го прифати.

Израелската војска уби речиси 40.000 Палестинци во смртоносната офанзива врз Појасот Газа што започна минатиот октомври по нападот на Хамас, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.