свет

Германија загрижена поради одбивањето на Израел за основање палестинска држава

„Резолуцијата е во спротивност со неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН. Израел се оградува од огромното мнозинство на меѓународната заедница и се изолира“

Oliver Towfigh Nia  | 19.07.2024 - Обновена : 19.07.2024
Германија загрижена поради одбивањето на Израел за основање палестинска држава

БЕРЛИН (АА) - Германија денес изрази длабока загриженост поради резолуцијата на израелскиот Парламент со која се отфрла формирањето палестинска држава, пренесува Анадолу.

„Резолуцијата е во спротивност со неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН. Израел се оградува од огромното мнозинство на меѓународната заедница и се изолира“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Себастијан Фишер, додавајќи:

„Иако резолуцијата е необврзувачка, таа е назадување во нашите напори да ги балансираме легитимните безбедносни интереси на Израел со палестинското право на самоопределување.“

Во резолуцијата усвоена од Кнесетот се наведува дека формирањето палестинска држава „во срцето на Израел ќе претставува егзистенцијална закана за државата Израел и нејзините граѓани, ќе го продлабочи израелско-палестинскиот конфликт и ќе го дестабилизира регионот“.

Гласањето се случи пред премиерот Бенјамин Нетанјаху да замине за Вашингтон в недела за да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и да се обрати во Конгресот.

Во февруари, Кнесетот гласаше за еднострано отфрлање на признавањето на палестинската држава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.