Ata Ufuk Şeker
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
БРИСЕЛ (АА) - Властите на Германија и Луксембург од соседната земја Белгија побараа поради безбедносни причини привремено да ги затвори двата нуклеарни реактори, а официјалниот Брисел се уште не се огласи по тоа прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
Германската министерка за животна средина Барбара Хендрикс и луксембуршката министерка за развој Камил Гира соопштија дека од надлежните власти на Белгија побарале привремено затворање на два нуклеарни реактори во централите Доел-4 и Тиханга-3 , бидејќи постојат основни сомнежи дека во нив би можело да дојде до безбедносни проблеми.
Третиот реактор во централата Доел-4 и вториот реактор на централата Тиханга-3 поради проблемите со притисок во постројувањата се затворени во 2012 година. По превеземни мерки и поправки реакторите беа повторно отворени кон крајот на минатата година.
Меѓутоа, германската Комисија за безбедносни прашања во реакторите, тврди дека не постојат сигурни гаранции дека дефектите во белгиските рактори се во потполност отстранети и дека постројувањата се отпорни на сите услови и ситуации.
Комисијата побара дозвола да се спроведе додатна истрага и испитувања во реакторите, а до тогаш постројувањата во реакторите да бидат изгаснати.
Белгиските власти до сега не одговорија на барањето на соседните држави Германија и Луксембург.
Во двете белгиски централи активно делуваат вкупно седум нуклеарни реактори и тоа четири во централата Доел на белигско-холандската граница и три реактори во централата Тиханга во близина на белгиската граница со Германија и Луксембург. Во тие реактори Белгија произведува речиси половина национални потреби на електрична енергија.