Erbil Başay
10 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
БЕРЛИН (AA) - Напаѓач по потекло од една од земјите на поранешна Југославија, синоќа, на главната железничка станица во Дизелдорф со секира рани седум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на полицијата во Дизелдорф, напаѓачот рани седум лица, од кои три се здобија со потешки повреди. Полицијата во соопштението наведе дека се работи за 36-годишно лице по потекло од земја на поранешна Југославија.
Напаѓачот за време на бегството по нападот скокна од еден надвозник во близина на железничката станица. Притоа, тој се здоби со потешки телесни повреди и е префрлен во болница, а секирата со која е изведен нападот е запленета.
„Напаѓачот е психички нестабилно лице“, се наведува во соопштението на полицијата, во кое се информира дека 36-годишното лице живеело во градот Вупертал.
Истрагата за нападот продолжува, а железничката станица по полициската акција е повторно отворена.