свет

Германија нарача нови тенкови од Рајнметал за поддршка на воените дејства на Украина

„Чешките вооружени сили ќе добијат 14 борбени тенкови Леопард 2А4 и едно оклопно возило Бафало од Рајнметал. За возврат, чешката војска ќе префрли воена опрема во Украина“

Ayhan Şimşek  | 12.08.2024 - Обновена : 14.08.2024
Германија нарача нови тенкови од Рајнметал за поддршка на воените дејства на Украина

БЕРЛИН (АА) - Германскиот производител на тенкови Рајнметал денес соопшти дека добил нови нарачки од Владата за поддршка на воените активности на Украина, пренесува Анадолу.

„Рајнметал уште еднаш доби нарачка за испорака на борбени тенкови и оклопни возила за Чешка, како дел од процесот на циркуларна размена воспоставен од германската Влада за поддршка на Украина“, се вели во соопштението на компанијата.

„Чешките вооружени сили ќе добијат 14 борбени тенкови Леопард 2А4 и едно оклопно возило Бафало од Рајнметал. За возврат, чешката војска ќе префрли воена опрема во Украина“, се вели во соопштението во врска со испораката на тешко оружје од советската ера за Украина.

Рајнметал планира да ги изврши првите испораки на тенкови до крајот на оваа година, а остатокот од тенковите ќе бидат испорачани до 2026 година, се наведува во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.