Ekipa
17 Август 2017•Ажурирај: 18 Август 2017
БЕРЛИН (АА) - Комитетот на германскиот покраински парламент во Саксонија препорача да се укине имунитетот на лидерката на националистите, за да може да биде спроведена истрага за тврдењата оти лажела под заклетва, јавува Anadolu Agency (AA).
Одборот во Саксонија денес едногласно гласаше за укинување на имуниетот на Фрауке Петри, која е еден од лидерите на партијата Алтернатива за Германија (AfD). Нејзината партија се надева оти ќе влезе во националниот парламент на Германија, и дека ќе има најмногу делегати во сојузната покраина Саксонија.
Истрагата се занимава со разните објаснувања што Петри и уште едно официјално лице на партијата ги упатија до државниот законодавен одбор во врска со листата на кандидати за регионалните избори во Германија во 2014 година.
Алтернатива за Германија претходно објави дека стои зад Петри.