Gamze Türkoğlu Oğuz
04 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, упати апел до Северна Кореја за ослободување на сите политички затвореници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Јонхап“, Гутереш во извештај подготвен за 74. Генерално собрание на ОН, од Северна Кореја побарал ослободување на сите политички затвореници, алудирајќи на тоа дека администрацијата на Пјонгјанг ги прекршува човековите права во камповите за затвореници.
Во извештајот е разгледана состојбата на човековите права во периодот од септември минатата година до јули оваа година во Северна Кореја.
Во овој извештај се вели дека е можно во кампот „Чонгори“, кој се наоѓа во Северен Хамгјонг, да се наоѓаат околу 3.000 затвореници, и дека се добиени информации дека голем број затвореници починале од глад.
Според извештајот, во затворите во Северна Кореја е забележана епидемија на туберкулоза и хепатит, а затворските чувари ги претепуваат затворениците, од кои некои случаи резултираат со смрт.
Гутереш во извештајот упати апел до Северна Кореја да направи чекори во насока на унапредување на човековите права, како обезбедување можност за Високиот комесаријат за човекови права на ОН да ги набљудува извршените активности.