Aida Cako
30 Декември 2024•Ажурирај: 31 Декември 2024
ДАМАСК (АА) - Кампот „Јармук“, некогаш дом за илјадници луѓе, беше речиси целосно уништен за време на тригодишната опсада и интензивните напади од страна на силите на режимот на Башар ал Асад, јавува Анадолу.
Кампот „Јармук“ беше населено место со површина од 16 километри, кое се наоѓа 8 километри јужно од Дамаск, во кој претежно живееја палестински бегалци.
Денес, меѓу урнатините, жителите полека се враќаат со цел да ги обноват своите животи.
Кампот на кој се предизвикани огромни штети стана симбол на страдањето и отпорноста на населението.
Урнатините сведочат за трагедијата што го погоди регионот, но враќањето на луѓето покажува дека сè уште постои надеж.