Lina Altawell
28 Август 2026•Ажурирано: 28 Август 2026
Две лица загинаа денес откако бомба експлодираше пред судот во Хасека, во североисточна Сирија, објави државната сириска телевизија, пренесува Анадолу.
Телевизијата „Алихбарија“ соопшти дека припадници на внатрешните безбедносни сили ја блокирале областа и ги истражуваат околностите поврзани со експлозијата.
Телевизијата не објави дополнителни детали за идентитетот на жртвите или за природата на експлозијата.
Досега, ниту една група не презеде одговорност за експлозијата.