Burak Bir
06 Август 2023•Ажурирај: 08 Август 2023
Две тела, една жена и едно дете, се пронајдени, а 31 мигрант сѐ уште се водат како исчезнати откако два чамца се превртеа во текот на ноќта кај Италија, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Италијанската крајбрежна стража спаси 57 мигранти откако чамците се превртеа кај италијанскиот остров Лампедуза, јави новинската агенција АНСА.
На првиот чамец , наводно, имало 48 мигранти, а на другиот 42 лица од субсахарска Африка, соопшти АНСА.
По инцидентите се пронајдени мртви дете и жена.
Заклучно со јули, бројот на нерегуларни мигранти што од почетокот на годината стигнале во Италија по морски пат надмина 85.000.
Во нерегуларниот миграциски тек кон Европа се издвојува централномедитеранската маршрута како една од патеките што значително се користат во последниве години.