Rania R.a. Abushamala
13 Мај 2026•Ажурирај: 13 Мај 2026
Осум лица, од кои две деца, се убиени денес во израелските воздушни напади врз области јужно од Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство, пренесува Анадолу.
Во соопштението, Министерството наведува дека во три израелски воздушни напади нишанети се крајбрежните области Барџа, Џиех и Саадијат по должината на автопатот што го поврзува Бејрут со Сидон и јужен Либан.
Од 2 март, во израелските напади во Либан загинаа повеќе од 2.840 лица, над 8.690 се повредени, а над 1,6 милиони се раселени, околу една петтина од населението, според либанските власти.
Израелската Армија продолжува со секојдневните напади во Либан и размена на оган со либански Хезболах и покрај прекинот на огнот што беше објавен на 17 април и продолжен до 17 мај.