ИСТАНБУЛ
- Мухамед ЈУСУФ
Додека двојните аршини кон исламот и муслиманите продолжуваат во земјите од Западот, феноменот исламофобија, во обликот на бран на омраза кон исламот и муслиманите од неодамна достигна опасни димензии.
Западот долги години по Втората светска војна кога беше извршен холокаустот истакнуваше дека „антисемитизмот и омразата кон Евреите се сметаат за кривично дело“.
Наспроти тоа, денес, во атмосфера на омраза кон муслиманите се создава неопходна потреба од воведување закони според кои антиисламизмот ќе биде криминално дело.
Во европските земји двојните стандарди на Европа се манифестираат преку фактот дека антисемитизмот се смета за кривично дело, додека навредата на исламот претставува слобода на медиумите и на изразувањето.
Експертите бараат да се прави разлика помеѓу слободата на изразување и навредата на сите религии, вклучувајќи го и исламот, и воведување закони според кои антиисламизмот ќе претставува кривично дело.
- „Антисемитизмот е забранет, но антиисламизмот е слобода на мислата“
Амр Муса, поранешен генерален секретар на Арапската лига во периодот 2001 - 2011 година, во писмената изјава дадена на својот фејсбук-профил напиша: „Додека антисемитизмот е забранет, не можам да разберам како антиисламизмот е слобода на мислата. Двојните стандарди се голема неволја, политиките и реакциите што произлегуваат од нив доведуваат до атмосфера на постојано растечки конфликт.“
Муса напиша дека уставните и правните институции во земјите каде што муслиманите се подложени на политики на дискриминација, малтретирање и двојни стандарди, треба итно да ја извршат потребната работа за да ја поправат оваа неправда и навредувањата кон исламската религија и вредностите да ги сметаат за кривично дело.
- „Ако Западот беше искрен, ќе донесеше закони за заштита на сите религии“
Либанскиот новинар истражувач Али Бекир за AA изјави дека основниот проблем во односите на Западот, особено на Франција кон исламот и муслиманите претставуваат двојните стандарди што ги применуваат под различни изговори.
Наведувајќи дека освен за исламот, не постои двоен стандард кога станува збор за Израел или за други религии, Бекир истакна: „Секоја критика против Израел се карактеризира како антисемитизам и на неа не се гледа како акт на слободата на изразување, и му се суди на сопственикот на таа критика.“
Критикувајќи го Западот дека е нечесен, Бекир наведе: „Ако Западот беше искрен, наместо да ги поткопува муслиманите под изговор на слободата на изразување, ќе се однесуваше доследно и ќе донесеше закони во одбрана на истата слобода за сите религии и верувања.“
Бекир нагласи дека ваквите закони ќе го спречат растот на исламофобијата во Европа и ќе ги спречат политичарите да ја користат оваа тема како изборен материјал.
- „Западните лидери треба да го преиспитаат воведувањето закон со кој навредата на исламот претставува кривично дело“
Ирачкиот писател истражувач Назир ал Кендури изјави: „Западниот свет позитивно одговори на еврејските барања по Втората светска војна за воведување закони според кои антисемитизмот се смета за кривично дело. Западните лидери во тоа време сметаа дека тој закон ќе ја намали омразата и големиот број социјални проблеми во општеството.“
Истакнувајќи дека муслиманите се жртва на разни напади откако во западните земји на виделина излегуваат големите социјални проблеми, Кендури продолжи со зборовите: „Нападите врз муслиманите и нивните свети вредности не ги повредуваат чувствата само на муслиманите кои живеат на Запад, туку и на целиот исламски свет, чиј број надминува 1,5 милијарди.“
Кендури предупреди дека намерното навредување на светоста на муслиманите негативно ќе влијае на политичките и економските односи меѓу исламските и западните земји, потенцирајќи: „Западните лидери, како што антисемитизмот го сметаат за кривично дело, сериозно да го сфатат ова прашање, и уште еднаш да размислат за воведување закон со кој навредата на исламот би било кривично дело.“
- „За вистинска слобода на изразување потребно е воведување закон според кој исламофобијата ќе биде кривично дело“
Гледајќи ги фактите на Западот, Кендури истакна дека слободата на изразување не оди подалеку од едно тврдење и се поддржуваат нападите врз божјиот пратеник Мухамед, но кога се потсмеваа со Емануел Макрон, претседателот на Франција, тогаш се реагирааше против тоа.
„По зборовите на Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, дека Макрон ‘има потреба од лекување од ментален аспект’, забележавме дека се намерни нападите врз божјиот пратеник Мухмед. Тоа нема никаква врска со слободата на изразување. Не можеа да ги толерираат зборовите изговорени за Макрон“, рече Кендури, истакнувајќи дека слободата на изразување или личната слобода треба да завршат кога станува збор за навреда на светите вредности на другите луѓе, во спротивно тоа нема да се смета за слобода, туку за намерна провокација против голема заедница, како што е исламскиот свет.
„Провокациите против исламот и муслиманите ќе предизвикаат зголемување на секташки, етнички и расни конфликти во западните земји. За вистинска слобода на изразување и почитување на светите вредности на сите членови на општеството, мора да се донесе закон со кој омразата кон исламот или исмејувањето на светите вредности ќе претставува кривично дело“, заклучува Кендури.
news_share_descriptionsubscription_contact
