Ekipa
09 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Демонстрантите ширум Израел бараат забрзување на истрагата за корупцијата поврзана со премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху, пренесува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот весник „Yediot Ahronot“ (Једиот Ахронот) јавува дека неколку стотици демонстранти се собрале синоќа пред куќата на државниот обвинител Авихани Манделблита во градот ПЕтах Токва. Демонстрантите од обвинителот бараат да ја забрза истрагата што ја води за коруптивните работи во кои е вмешан и премиерот Нетанјаху.
Паралелно со тоа, по ист повод стотици демонстранти се собраа и во центарот на градот Афула, во северниот дел на Израел.
Демонстрантите бараат истрагата да се спроведе брзо и да се утврди дали премиерот Нетанјаху е вмешан во корупциски скандали, а Владата и институциите ги обвинуваат дека го блокираат процесот на истрагата.
Израелскиот премиер Нетанјаху веќе неколку години е под истрага поради серија наводи за корупција. Досега четирипати има давано искази во обвинителството, а сѐ погласни се повиците за негово поднесување на оставка.