Muhammed Yasin Güngör
31 Мај 2024•Ажурирај: 04 Јуни 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Демонстрантите во Токио се собраа денес пред Министерството за одбрана на Јапонија, барајќи да се прекине увозот на беспилотни летала од израелско производство, јавува Анадолу.
Демонстрантите, организирани од Мрежата против трговија со оружје (НАЈАТ), го повикаа Министерството да престане да купува беспилотни летала од израелски компании, означени како „трговци на смртта“ од страна на активистите.
Во објава на социјалната мрежа X, претставник на НАЈАТ го повика Министерството да го послуша повикот на јавноста и рече: „Министерството за одбрана треба да се засрами“.
Покрената е и дигитална петиција организирана од групата „Граѓанска солидарност со Палестина“, во која се повикува компанијата „Кавасаки хеви индустрис“ веднаш да го откаже договорот со компанијата „Израел аероспејс индустрис“ и да престане со увоз и продажба на израелски беспилотни летала.
Петицијата веќе има добиено 21.000 потписи.
Претходно слични протести против увозот и извозот на оружје со Израел се одржаа во неколку земји, меѓу кои Австралија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД).