Erdal Türkoğlu
26 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
ХАТАЈ (АА) Децата Tуркмени од Сирија кои живеат во населбата Јајладаги во Хатај, испратија писмо до ОН во кое бараат да запрат нападите на Русија и Асад, јавува Anadоlu Agency (AA).
Децата кои со своите семејства живеат во населбата Јајладаги и учат во училиштата во населбата отворени за Сиријците, сакаат да им се стави крај на нападите во нивните земји.
Малите гости на Турција, кои сакаат што е можно поскоро да се вратат во своите земји, жалат поради смртта на своите роднини кои останаа во Сирија. Тие испратија писмо до ОН во кое бараат силите на Русија и Асад да запрат со своите напади.
Осум ученици од основно образование кои се собраа во училиштето во кое учат, со фотографии в раце на кои се гледаат страдањата на децата во Сирија, ги напишаа писмата на турски и арапски јазик, кои имаат за цел преку сириските службеници во училиштето да ги испратат до ОН.
- „Русија и Асад да не не напаѓаат нас"-
Сијам Исмаил, деветгодишниот ученик, за АА раскажа дека пред 3,5 години, односно по нападите врз Туркменската област Бајирбуџак барале засолниште во Турција.
„Ние сакаме овие напади да запрат. Поради ова испративме писмо до ОН. Русија и Асад да не не напаѓаат нас, бидејќи веќе 3,5 години не можам да ги видам баба ми и дедо ми. Таму секој ден нашите браќа умираат. Сакам војната да заврши. Друго ништо не сакам", рече Исмаил, изразувајќи големо жалење поради нападите на Русија и силите на Асад во неговата земја.
Десетгодишниот Мухаммед Везир, рече дека не сака Асад и Русија да ѓи напаѓаат нивните села и додаде дека децата кои се уште се таму се во многу тешка ситуација и дека испратиле писмо до ОН за да се слушне нивниот глас.
Туркменчето од Сирија, Сијами Исмал, своето писмо го напиша на турски јазик, во кое наведува:
,,Нашата единствена желба е да се вратиме во Сирија и да запре војната, бидејќи веќе 3,5 години не можам да ги видам баба ми и дедо ми. За да можам да ги видам нив треба војната да запре. Да заврши војната и да се врати мирот. Русија и Асад веќе да не не напаѓаат нас", напиша во своето писмо Исмаил.