Almir Terzic
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
САРАЕВО (AA) - Директорот на ЦИА Џон Бренан стаса во Претседателството на БиХ, при што има засилени безбедносни мерки. Бренан се состановува на разговор со членовите на колективниот шеф на државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред то одржан е состанокот на директорот на ЦИА со претставниците на босанско-херцеговските полициски агенции, Разузнавачката служба на БиХ, министерот за внатрешни работи на БиХ и министерот за безбедност на БиХ.
Тема на состанокот со претставниците на босанските власти се разговорите за тероризмот, глобалната борба против тероризмот, терористичките закани во БиХ, предизвиците и околу тоа што БиХ како држава презема во однос на ова прашање.
Шефот на Американска разузнавачка служба доцна синоќа стаса во Сараево со воен Боинг Ц-17А Глобмастер III.