Aness Suheil Barghoti
28 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Повеќе од 170 еврејски доселеници денес на сила влегоа во комплексот на џамијата Ал-Акса во Источен Ерусалим, каде што се обидоа да извршат талмудски обред, јавува Anadolu Agency (AA).
„Поддржани од израелската војска, околу 176 доселеници се обидоа да влезат во комплексот на џамијата Ал-Акса“, за АА изјави директорот на комплексот, Омар ал-Кисвани.
„Израелските доселеници се обидоа да го извршат талмудскиот обред во близина на џамијата Ал-Кибали и Куполата на карпите, но во тоа ги попречија муслиманските верници и стражарите на џамијата“, додаде Ал-Кисвани.
Како што рече тој, еден од чуварите на џамијата е приведен од израелската полиција и одведен во притвор.
Ал-Акса за муслиманите е трето најсвето место во светот. Евреите, пак, од друга страна, комплексот го нарекуваат Рид на храмот, каде што во древните времиња се наоѓале два еврејски храма.
На евреите им е дозволен влез во Ал-Акса, но молитвата е дозволена единствено за муслиманите.
Евреите можат да се молат на Западниот ѕид во Ерусалим, познат како Ѕид на плачот. Тие тврдат дека на тоа место се наоѓал еврејски храм што го срушиле Римјаните.
Израел го окупира Источниот Ерусалим во текот на војнaта на Блискиот Исток во 1967 година, за подоцна да го анектира градот во 1980 година, сметајќи го за своја престолнина, која меѓународната заедница никогаш не го признала.