Ekipa
20 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
ВАРШАВА (АА) - Европската комисија, чувар на правото на ЕУ, презела чекор без преседан кон Полска, кон која можно е да воведе санкции, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Националната полска новинска агенција (PAP) објави дека Европската комисија преземала чекор без преседан поради можното воведување санкции кон оваа држава поради правосудниот закон, за кој смета дека ги крши основните демократски вредности на Европа.
Полскиот министер за правда, Збигњев Зиобро, денес ја потврди одлуката на Европската комисија, велејќи дека ја прифатил мирно инсистирајќи на тоа дека Полска е земја која ги почитува законите.
Според полска новинска агенција, Европската комисија покрена постапка за активирање на членот 7, кој на крајот може да доведе Полска да го изгуби правото на глас во Европската Унија.
Членот 7, кој некои го нарекуваат „нуклеарна опција“, никогаш претходно не бил активиран против земјите-членки на ЕУ.
На овој чекор се гледа како на знак за сериозна загриженост на ЕУ во врска со новиот правосуден закон на Полска.