Lina Altawell
15 Септември 2026•Ажурирано: 15 Септември 2026
Египет и Грција ја започнаа заедничката воена вежба „Медуза-15“, соопшти денес египетската Армија, јавува Анадолу.
Во соопштението се наведува дека вежбата ќе трае неколку дена во Средоземното Море и на неколку грчки воздухопловни бази.
Во вежбата учествуваат поморски, воздухопловни, противвоздушни, извидувачки и специјални единици на Египет и Грција, вклучително и падобранци и командоси.
Според соопштението, во вежбата учествуваат и сили од Франција, Италија и кипарската грчка администрација.
Вежбата започна со поморските сили на Египет и Грција кои изведоа вежба за пловидба додека се упатуваа кон Грција, заедно со теоретски и практични активности за подготовка, чија цел е усогласување на борбените концепти и размена на искуства меѓу земјите учеснички, се наведува во соопштението.
Се очекува во рамките на вежбата да бидат реализирани повеќе активности поврзани со управувањето со поморски и воздушни борбени операции против различни закани.
Во соопштението се наведува дека вежбата ќе опфати и активности со боево гаѓање, како и обука за справување со неконвенционални закани, што го одразува високото ниво на обученост и професионализам на учесниците.
Воената вежба „Медуза“ меѓу Египет и Грција започна во декември 2015 година.