Recep Şakar
02 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
МЕЛБУРН (АА) - Од последиците на епидемија на грип во австралискиот град Вангарата починаа 13 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако вчера беше објавено дека во градот Вангарата починале 7 лица, денес во дом на подрачјето на Тасманија пронајдени се уште шест лица.
Директорот на здравствениот центар во Тасманија, Марк Веич, ја потврди смртта на уште шесте лица кои се наоѓале во домот за стари лица.
Од Канцеларијата за здравство и пружање услуги вчера наведоа дека седум лица починале во селото за стари лица Сеинт Џонс во градот Вангарата.
Тие не говореа за идентитетот на починатите лица на возраст од 70 до 94 години. Од оваа канцеларија соопштија дека во селото се наоѓаат 146 стари лица и 200 вработени. Од грип се заразени 123 лица. Веќе седум дена од селото никој нема дозвола да излезе.
Доктор Веич истакна дека од почетокот на годината од грип се заразени над 1.500 лица.