Sefa Mutlu
24 Април 2022•Ажурирај: 25 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, имаше телефонски разговор со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, известува Агенција Анадолија (АА).
Како што се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Канцеларијата на претседателот на Турција, двајцата челници разговарале за најновите случувања во руско-украинската војна и за прашањата поврзани со преговарачкиот процес.
Ердоган во таа прилика изјавил дека мора да се обезбеди евакуација на ранетите и на цивилите во Мариупол, каде што ситуацијата станува сѐ потешка.
Напоменувајќи дека се подготвени да ја пружат сета потребна помош во текот на преговарачкиот процес, како и неопходната поддршка, вклучувајќи и посредство, Ердоган рекол дека позитивно гледа на тоа Турција да биде земја гарант.