?kipa
17 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
СОЧИ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во пресрет на состанокот со рускиот колега, Владимир Путин, во Сочи изјави дека размената на идеите за политичките, воените и економски прашања меѓусебно ги јакне двете страни, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин во Претседателската резиденција во Сочи го прими Ердоган, кој му се заблагодари на гостопримството и додаде дека е задоволен што има честа можност да разговара со него.
„Нашата соработка посебно во регионалните прашања дава поразлична надеж за целиот регион. Уверен сум дека денес очите на целиот свет се вперени кон Сочи. Уверен сум дека и резултатот од овој состанок ќе донесе нова надеж за регионот“, изјави Ердоган.
Рускиот претседател, Владимир Путин, во пресрет на состанокот со турскиот претседател Ердоган нагласи дека заеднички ќе бараат решение за комплицираните прашања.
„Има многу теми за кои ќе разговараме. Некои од прашањата се комплицирани. Сите ќе ги разгледаме и ќе бараме пат до решение“, изјави Путин.
Тој истакна дека е во постојан контакт со својот турски колега Ердоган, и дека во Сочи се состанале и минатата година.
„Нашите билатерални односи се развиваат во позитивна насока. Трговската размена расте со високо темпо. Ги развиваме односите и од аспект на регионалната безбедност“, заклучи рускиот претседател Путин.
Лидерите на Турција и Русија го продолжија состанокот зад затворени врати.