İlkay Guder
25 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
БРИСЕЛ (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Брисел се состана со францускиот претседател Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган и Макрон го одржаа состанокот зад затворени врати. На состанокот присуствуваше и шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.
Во Брисел денес се одржува НАТО самитот, на кој се очекува учество на лидерите на сите 28 членки од тој сојуз, што ќе биде можност за голем број билатерални и мултилатерални средби на маргините на централниот настан.