Ferdi Türkten,Zafer Fatih Beyaz
30 Ноември 2024•Ажурирај: 02 Декември 2024
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во саботата изјави дека Туркије повеќе не е земја во која преку марионети може да изврши државен удар, ниту да се дизајнираат политиката и економијата, известува Анадолу.
„Туркије повеќе не е земја во која може да се изведе државен удар, ниту да се дизајнира политика и економија со марионети на кои е доволно да им се каже ‘Ајде, деца, време е’ “, рече Ердоган, обраќајќи се на митингот одржан во Турскиот град Кахраманмараш и додаде:
„Сакаме да се ослободиме од оковите на тероризмот што ја попречува визијата за иднината на Туркије. За ова се погодни критичните настани во нашиот регион и внатрешната политика.“
Турскиот претседател подвлече дека денес на сите им е јасно дека Туркије не е нечиј полигон, линија на тензии или област за создавање нестабилност.