Diyar Güldoğan
12 Октомври 2022•Ажурирај: 13 Октомври 2022
АСТАНА (АА) - Анкара ќе продолжи да го поддржува територијалниот интегритет, стабилност и мир на Казахстан, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ќе продолжиме да ги поддржуваме стабилноста, мирот, суверенитетот и територијалниот интегритет на братски Казахстан, кој има длабока историска заднина и искуство како држава“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со неговиот казахстански колега Касим-Жомарт Токаев во главниот град Астана.
Двајцата претседатели имаа тет-а-тет разговор и меѓуделегациска средба на кои се разговараше за билатералните односи и меѓународни прашања.
Ердоган и Токаев копретседаваа и со четвртиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво Туркије - Казахстан за зајакнување на политичките, економските, културните и одбранбените односи.
Турскиот претседател нагласи дека биле оценети одличните односи меѓу двете земји.
Тој додаде дека Анкара и Астана ќе продолжат да работат на зајакнување на односите во областа на транспортот, енергетиката и трговијата.
„Минатата година го надминавме нивото од 5 милијарди долари во обемот на трговската размена со Казахстан. Преземаме цврсти чекори кон нашата цел од 10 милијарди долари на среден рок“, рече Ердоган.
Казахстанскиот претседател Токаев на Ердоган му го додели Орденот за пријателство.