Ekip
28 Јануари 2020•Ажурирај: 29 Јануари 2020
ДАКАР
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Калифа Хафтар, водач на нелегитимните вооружени сили во Либија, нема намера да го реши либиското прашање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во рамки на посетата на Сенегал се сретна со неговиот колега Маки Сал. По средбата двајцата лидери одржаа заедничка прес-конференција.
„Хафтар нема намера да ја реши оваа работа, туку делува сосема спротивно. „Вагнер“ стои зад него, и јасно е кои стојат зад него. Тие се легионери“, рече Ердоган.
Турскиот претседател нагласувајќи дека Хафтар не е официјално признат рече: „Одметнатиот командант Калифа Хафтар нема официјално признание ниту во Либија, ниту во меѓународната заедница.
На 12 јануари страните во Либија прогласија примирје како одговор на заедничкиот апел на турскиот и рускиот претседател. Но, два дена по тоа, преговорите за постојано примирје завршија без договор, откако Хафтар ја напушти Москва без да го потпише договорот.
Една недела по тоа, Хафтар во Берлин ги прифати условите за утврдување на членовите на Воената комисија предложена од страна на ОН, со по пет члена од секоја страна, за мониторирање на спроведувањето на примирјето.
Меѓу другото, Ердоган говореше и за сирискиот град Идлиб: „Се работи за движење од Идлиб кон нашите граници. Презедовме мерки во врска со тоа.“