Ahmet Furkan Mercan
07 Јули 2025•Ажурирај: 08 Јули 2025
ЏАКАРТА (АА) - Според Индонезискиот центар за вулканологија и ублажување на геолошки катастрофи, вулканот Левотоби Лаки-Лаки, кој се наоѓа во регионот Источен Флорес, продолжува со својата активност по првата ерупцијата што се случи на 18 јуни, известува Анадолу.
Последната ерупција на вулканот Левотоби Лаки-Лаки се случи во 1:05 часот по локално време при што исфрлениот пепел достигна 18 километри во височина.
Жешките облаци од топол гас формирани за време на ерупцијата се спуштија по падините на вулканот. Пепелот се прошири околу селата под вулканот.
Засега нема пријавени жртви од вулканската ерупција.
Статусот на тревога беше подигнат на највисоко ниво по ерупцијата на вулканот на 18 јуни, а зоната на ограничување околу вулканот беше проширена на 7 километри.
Вулканот Левотоби Лаки-Лаки, со височина од 1.584 метри, е познат во регионот како „вулкан близнак“ со планината Левотоби Перемпуан.
Индонезија, која се наоѓа во појасот на земјотреси и вулкани „Тихоокеански огнен прстен“, има околу 130 активни вулкани.
Девет лица загинаа, а десетици беа повредени кога планината Левотоби Лаки-Лаки еруптираше во ноември 2024 година.