Tufan Aktaş
27 Јули 2017•Ажурирај: 28 Јули 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Обилните врнежи од дожд, кои во периодот јуни-август ја зафаќаат Етиопија, можат да предизвикаат поплави и прелевања на водотеците, поради што 500.000 лица би биле принудени да ги напуштат своите домови, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на националната комисија за раководење со природни катастрофи, за локалните медиуми изјави дека врнежите од дожд своето највисоко ниво го достигнуваат во периодот меѓу јуни и август. Поплавите и прелевањата на водотеците кои можат да настанат, ќе влијаат врз 1,6 милиони луѓе, од кои 500.000 ќе треба да ги напуштат своите домови.
Поплави се очекуваат во централните и во западните делови на земјата. Директорот на комисијата рече дека е подготвен итен план, со цел да се спречи катастрофата.
„Можеби ќе биде потребна помош во храна во висина од 14 милиони долари за раселените лица“, изјави надлежниот од Националната комисија за раководење со природни катастрофи, додавајќи дека состојбата се контролира со земање податоци за дневниот интензитет на врнежите од секое подрачје одделно.
Во поплавата што изминатите недели се случи во главниот град Адис Абеба, животот го загубија 5 лица.
Покрај обилните врнежи од дожд во периодот јуни - август, во земјата повремено се случува и бура од град.