Agnes Szücs
30 Јуни 2023•Ажурирај: 02 Јули 2023
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на Европската Унија (ЕУ) денес го овластија шефот за надворешна политика на Блокот, Жосеп Борел, да подготви нов извештај за односите ЕУ-Туркије засновани на „стратегиски и прогресивни“ принципи, јавува Анадолу.
27-те шефови на држави и влади на ЕУ, кои присуствуваа на дводневниот самит во Брисел, ги поканија Жозеп Борел и Европската комисија да поднесат извештај „за состојбата на односите меѓу ЕУ и Туркије“ во светло на неодамнешните парламентарни и претседателски избори во Туркије.
Документот мора да се заснова на „инструментите и опциите установени од Европскиот совет, со цел да се продолжи на стратешки и прогресивен начин“, се вели во заклучокот на Самитот.
Лидерите на ЕУ, исто така, повикаа на „брзо продолжување на преговорите“ според рамките на Обединетите нации, за изнаоѓање „сеопфатно решение за кипарското прашање“.
Тие ја потврдија „перспективата на ЕУ за членството на Западен Балкан“, но предупредија дека „неуспехот да се деескалираат тензиите“ во северниот дел на Косово „ќе има негативни последици“ и за Косово и за Србија.
Самитот на ЕУ, исто така, ја одобри новата стратегија на Блокот за Кина, презентирана од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, минатиот месец, која се надоврзува на „дерискирање, но не и на разделување“.
ЕУ и Кина „ќе продолжат да бидат важни трговски и економски партнери“, додека Блокот ќе преферира трговски и економски односи кои „се балансирани, реципрочни и заемно корисни.“
Тие, исто така, се заложија дека ќе продолжат да ги намалуваат „критичните зависности и сензитивните прашања, меѓу другото и во синџирите на снабдување“.