Erbil Başay
25 Ноември 2019•Ажурирај: 26 Ноември 2019
БЕРЛИН (АА) - Крајно десничарска организација упати закана со бомбашки напад на џамија во Берлин, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од Турско-исламската унија за верски прашања (DITIB) наведоа дека заканата е упатена по електронски пат.
„Денеска во џамијата ќе експлодираат неколку бомби“, напишано е од адресата „neo88@web.de“, со потпис на организацијата „Combat 18“.
Генералниот конзул на Турција во Берлин, Рифки Олгун Јуџекок, наведе дека за заканата ги известиле безбедносните сили. Смета дека дури и ако се работи за празна закана, тоа влијае на мирот на муслиманите на тоа подрачје.
„Немаме луксуз да бидеме непромислени“, изјави Јуџекок.
Според Јуџекок, писмо со закана е пратено пред два дена и во зелената џамија „Менден“.